Македонија

Мицкоски се сретна на претседателот на американската Републиканска партија

Мицкоски се сретна на претседателот на американската Републиканска партија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на неговата посета на САД оствари работна вечера со претседателот на Републиканската партија, Боб Падучик.

Падучик пред стапувањето на оваа функција ја водел кампањата на Доналд Трамп во сојузната држава Охајо која се смета за клучна во неговата победа на претседателските избори во САД.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тој претходно ја раководел кампањата и на поранешниот претседател Буш во 2000 и 2004 година.

„На средбата се разговараше за понатамошното развивање на стратешките односи на Република Македонија со САД како и поддршката за реформи во Република Мекедонија од страна на Американската администрација. Падучик нагласил дека Републиканската партија останува посветена на Евроатланската интеграција на Република Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата се потврдила и потребата за понатамошна соработка помеѓу Републиканската партија и ВМРО-ДПМНЕ како идеолошки сродни политички партии.