Мицкоски: Следната влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ, можеби по предвремени избори

Следната влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ убеден е лидерот на најголемата опозицска партија, Христијан Мицкоски и во гостувањето во четвртокот во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, ја оценува Владата на СДСМ како најлоша Влада којашто Република Македонија ја имала досега во изминатиот период од осамостојувањето.

„Секојдневно имам комуникација со граѓаните… Граѓаните се масовно разочарани од политиките коишто ги води Владата на СДСМ на кој и да план, дали во економијата, на меѓународен план, во реформите кои ги ветуваа во планот 3-6-9, дали станува збор за работи од безбедноста, се случуваат грабежи и неразјаснети убиства…. Она што за нас е посуштински е тоа дека последиците ќе останат и потоа. Ние треба да најдеме начин да се справиме со истите и да ги менаџираме. Тоа е суштината на која ние сме сега фокусирани. За тоа ни треба правилна навигација и од гражаните, од бизнис заедницата, од сите останати целни групи кои ги комуницираме, за да може да определиме соодветни политики кои ќе дадат одговор на таа навигација. Сѐ со цел да го направиме животот на нашите граѓани покомфорен, поудобен, поквалитетен“, рече Мицкоски.

Констатираше дека ова што сега се случува во земјата е политика на најлошата Влада на Република Македонија од нејзиното осамостојување до денес.

„За жал, иако дојдоа со голема помпа, со големи ветувања, сепак, ова фијаско што се случува во Македонија ќе остави огромни последици што не гледам дека во иднина лесно и едноставно ќе се справиме со нив“, рече уште Мицкоски.

Оптимист е дека следната влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ и истакна дека се надева на предвремени парламентарни избори. Но, истакна, дека за да се случи враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт, мора да има фер и демократски избори, потсетувајќи ја јавноста на немилите настани кои се случуваа во текот на изборната кампања и изборниот ден за време на локалните избори.

Мицкоски додаде дека целта на партијата ќе биде ВМРО-ДПМНЕ да победи на следните предвремени парламентарни избори и да освои 61 пратеник.

„Нашата цел е победа на следните предвремени парламентарни избори и 61 пратеник. Како ќе дојдеме до таа цел, тоа е до нас. Дали алатките коишто ги користиме ќе бидат во полза на сето ова, ќе видиме, времето ќе покаже. Јас сум сигурен дека тие алатки се навистина тие што треба да ги користиме и тие алатки нас ќе ни ја донесат победата со 61 пратеник, а тоа е на следните предвремени парламентарни избори, потенцираше Мицкоски.

Во однос на новото позиционирање на ВМРО-ДПМНЕ на политичката сцена, Мицкоски посочи дека партијата ќе остане отворена, „партија на отворени врати со обединувачки карактер“.

„Апсолутном партијата е отворена, тоа е главниот мотив во мојата политика, обединувачкиот карактер, партија на отворени врати. Јас како генерален секретар бев посветен на базата, но и претходно како член на Извршниот комитет на партијата. Имав континуирана теренска активност со нашите општински комитети, со нашите членови, во структурната на ниво на општински и месни комитети. Истото тоа ќе го продолжам и како претседател на партијата и тоа им го сугерирам на моите соработници од фенералниот секретар, соработниците од Извршниот комитет“, рече МицкоскиМицкоски.

Мицкоски потенцираше дека политиката на отворени врати во ВМРО-ДПМНЕ е реалност.

„Секој оној добронамерник којшто сака да застане на патот на погрешните политики на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев е добредојден, вратите во ВМРО-ДПМНЕ се секогаш отворени. Јас,како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, стојам на располагање и ги поканувам сите оние добронамерници да ни се придружат на овој план“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со медиумските шпекулации околу наводни превирања во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека пратеничката група е компактна, и оти одлуките коишто се носат во партијата се единствени.

„Демократскиот капацитет внатре во партијата е голем. ВМРО-ДПМНЕ е партија со огромен демократски капацитет и почитуваме различни мислења, ги аргументираме до моментот додека не се донесе заедничка одлука. До тој момент апсолутно ги имаме сите можности да ги аргументираме нашите позиции. Јас што не сум пратеник, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, останатите членови на Извршниот комитет коишто не се пратеници во Собранието на Република Македонија, пратениците во рамките на пратеничката група ги аргументираме нашите позиции, доаѓаме до конечна одлука, став и тој е заеднички прифатен и едногласно. Соработка е на едно одлично ниво“, појасни Мицкоски.

Во продолжение Мицкоски истакна дека немам концесии кон никој, алудирајќи на неговиот избор на челното место во партијата во однос на претходното партиско раководство, истакнувајќи притоа дека во неговите политики најважни се граѓаните. Додаде дека целта на партијата ќе биде ВМРО-ДПМНЕ да победи на следните предвремени парламентарни

„Сите оние луѓе коишто ме познаваат и коишто имале можност да ме запознаат и да соработуваат со мене, знаат дека јас во животот немам никаква концесија. Моја единствена цел како претседател на ВМРО-ДПМНЕ е да анимирам што е можно поголем број луѓе, целни групи, со цел да застанат рамо до рамо со нас и да ја поразат оваа деструктивна политика којашто во моментот ја води владата на Зоран Заев заедно со коалицијата којашто е дел од неа. Апсолутно не станува збор за никаква концесија, ниту за никакви ветувања„, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕво емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 ТВ.

Посочи дека единствената цел на неговата работа е да направи подобро место за живеење во Македонија.

„Сево ова го правам само со една цел, а тоа е да направам подобро место за живеење. Сите предлози што ги давам на моите соработници коишто дел се прифаќаат, дел се домоделираат, дел не се прифаќаат, нормално, се во насока на тоа да направиме постабилна, покохерентна структура на ВМРО-ДПМНЕ, да анимираме што е можно повеќе наши поддржувачи и истомисленици како би можеле на поедноставен начин да ја поразиме оваа деструктивна политика„, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.