Мицкоски: Со спортска храброст и одлична стратегија до уште една ракометна победа

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ им ја честита вечерашната победа на македонските ракометари над репрезентацијата на Црна Гора наФејсбук.

„Доказ дека со силна волја, искрен пристап и пожртвуваност се е возможно и достижно. Со спортска храброст, достоинство и одлична стратегија Македонија стигнува до уште една ракометна победа. Честитки до целокупната ракометна репрезентација која вечерва уште еднаш не направи горди на успехот“, напиша Мицкоски.