Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е браникот на државните и националните интереси, не се прават пазари

ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Устав со цел промена на уставното име и нема да преговара за идентитетските прашања и партијата не може да прифати име кое ќе нема превод, порача во вечерашното интервју на Канал 5 телевизија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијаn Мицкоски, истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е браникот на државните и националните интереси.

Според Мицкоски, историјата покажалa дека секогаш кога некој друг одлучувал за иднината на Македонија, а не ВМРО-ДПМНЕ, државата излегувала како губитник.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Устав со цел промена на уставното име и нема да преговара за идентитетските прашања. ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати име кое ќе нема превод“, додаде.

Мицкоски вели дека СДСМ со „пиши бриши“ дипломатијата и „какафоничноста во изјавите“ ги загрозува позициите на Македонија во спорот како и македонските национални интереси.

Истакна дека доколку не се тргнат елементите кои го прават Законот за јазици неуставен, ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи од над 35-те илјади амандмани. Мицкоски вели и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се занимава со популистичка политика и според него, ако се создава решение, тоа решение треба да биде применливо.

„Ниту е дискутирано ниту некој ја споменал темата за евентуален пазар, ниту, пак, јас како претседател на партијата ќе се пазарам со моите принципи“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарското прашање дали е направен пазар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а се однесува на Законот за јазици.

Мицкоски додаде дека не е целта само критика, туку и аргументација, зошто според него тој е чекорот и затоа се нудат решенија.

„Доколку не биде усвоен нашиот предлог, ВМРО-ДПМНЕ нема да ги повлече тие 35.000 амандмани и доколку се почитува деловникот и законите, тогаш очекуваме една дебата која ќе аргументираат сите пратеници и тогаш ќе се премине кон втората фаза каде ќе се гласа за овој закон. На таа седница кога ќе биде поставен овој закон, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието, рече Мицкоски.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се занимава со популистичка политика. Според него, ако се создава решение, тоа решение треба да биде применливо.

Затоа, продолжи Мицскоски, прво треба да се направи форматот на работната група, да се повикаат експертите да се повикаат претставници од МАНУ, како и да се повика претставник од кабинетот на Иванов и да се направи едно дело кое ќе биде применливо.

Мицковски притоа вели дека ако се предизвикува чувства кај мнозинството население на Република Македонија, тогаш сосема легитимно е да се запраша зошто и на кого му годи ваквиот процес.