Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ по консултациите ќе се изјасни за референдумската кампања

ВМРО-ДПМНЕ ќе се изјасни во однос на тоа како ќе ја води референдумската кампања тогаш кога ќе завршат консултациите што ги најавивме во рамки на партиските тела, и тогаш ќе излеземе до јавноста со официјален став. Има максима која вели дека погрешен одговор е подобар отколку никаков одговор, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски по панелот што се одржа во Клубот во пратениците по повод 17-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

Во моментот трае акцијата на ВМРО-ДПМНЕ „Лето за Македонија“, континуирано сме на терен меѓу граѓаните разговараме со стотици граѓани на дневна основа ги консултираме и партиските тела во периодот што следува, ќе имаме состанок на извршниот и на централниот  комитет на партијата и во вакви значајни историски моменти за Македонија е неопходна е темелна и исцрпна дебата во општетвото, рече Мицкоски.

На прашањето дали партијата ќе учествува во информативната кампања за договорот за името, рече дека Владата нема капацитет да се справи со ваков предизвик, и оцени оти јавноста во Македонија набрзо ќе биде сведок на уште едно фијаско, кое ќе, како што кажа, ќе изобилува со големи криминалии, полувистини и недоречени работи.

Гледаме дека Владата целокупната своја кампања ја темели на тоа дека го сочувува идентитетот. Еве едно прашање до Владата и до сите оние кои стојат до таа теза дека е зачуван идентитетот – како е зачуван идентитетот кога институционалниот идентитет ќе се изгуби, рече Мицкоски.

Според него, доколку се изгуби институционалниот идентитет, што претставува, како што кажа, трејд марк за националниот идентитет, не се зачувува идентитетот.

Мицковски кажа дека не станува збор само за инстуционалниот, не станува збор за националниот идентитет, туку за погрешна логистика и погрешна стратегија.

Не станува збор само за тоа дали овој договор ќе успее или не, станува збор за уште многу затскриени опасности што се провлекуваа во изминатиот период на кои ВМРО-ДПМНЕ апелираше. За една таква опасност бевме сведоци кога премиерот беше ставен во незгодна ситуација да мора да се извинува и беше повикан од страна на претседателот на Бугарија, така што имаме една егзибиционистичка политика што ни се случува веќе 15 месеци предводена од владата што ја предводи СДСМ. Неопходни ни се реформи во клучните области, додаде Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.