Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе го отвори случајот „Поткуп“

Во гостувањето на Македонската телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека односот кон СЈО е кажан многу пати и тој непроменет во овој период.
Тој посочи дека во овој момент имаме претседател на Владата, премиер на држава кој што ги претскажа пресудите на псоледните 2 случаи и токму тоа ги прави дополнителни несигурни граѓаните во Република Македонија.

Ќе беа сигурни во судството господине премиер ако ве осудеа. Ако не ги направевте слепи или да ги направевте глуви. Тоа е тоа што требаше да се случи да не бидат граѓаните слепи и да не бидат глупи. Тоа е суштината која што требаше да се случи за да граѓаните веруваат во судството. Вака како што е ниту можат да веруваат ниту ќе веруваат. Она што ВМРО-ДПМНЕ откако ќе ја формира новата влада прво ќе го направи е да обезбеди независност на судството во вистинска смисла на зборот по примерот и праксите во развиените земји и тогаш граѓаните преку лиучен пример ако се огрешам и јас и ако се огрешат и моите најблиски соработници ќе ја сносат казната и ќе бидат обивнети. Тоа е суштината на реформите во судскиот ситем. Ако вие дозволевте да бидете осуден затоа што граѓаните и слушаа и гледаа како барате поткуп тогаш можевме сега во вистинска смисла да зборевме за судството. ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ја фомира новата влада и повторно ќе го актуелизира овој случај, рече Мицкоски

Тој додаде дек сега е дојдено ново време во судството каде што Заев како премиер успева да ги погоди сите судски пресуди. Тој дополнително посочи дека времето и следните избори ќе покажат кој е во право а кој не.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.