Мицкоски: Во енергетиката имаме поразителни резултати кои уриваат негативни рекорди

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во новото видео обраќање истакна дека еден од основните столбови на функционирање на државата претставува енергетиката, со силна и развиена енергетика ќе имаме силно и развиено стопанство.

За жал во изминатиов период не можеме да се пофалиме со исклучителни резултати, напротив со поразителни резултати, резултати кои што уриваат негативни рекорди. Доколку го погледнете диспечерскиот извештај што го објавува МЕПСО и кој што се реферира на производството кое што го имаат државните електрани во последниот четврти квартал од 2017 година, ќе видите дека производството во последниот четврти квартал во 2017 година е за од прилика за 12% послаб од оној четврти квартал во 2016 година, истакнува Мицкоски.

Посочува дека трендот на намалено производство на електрична енергија во Електрани на Македонија продолжува и во првите два месеци од 2018 година.

Ако го споредите јануари месец 2018 година со јануари месец од 2017 година, ќе видите намалено производство за отприлика околу 26%. Намаленото производство значи увоз на електрична енергија и намалена ликвидност на АД Електрани на Македонија отприлика околу 5,5 милиони евра. Вториот показател кој што исто така влијае негативно врз развојот на електроенергетскиот систем во Република Македонија, е опишан во овој извештај кој што го објавува Европската енергетска заедница, а тој се вели мониторинг извештај на напредокот на реформите кои што ги спроведува секоја држава.  За Република Македонија 4 столбови се карактеристични, првиот е развојот на пазарот на електрична енергија, или тн. спот маркет дивелопмент, вториот претставува балансирањето или урамнотежувањето прекугранично -крос бордер балансинг, третиот претставува регионалната алокација на прекугранични капацитети и четвртиот претставува интерсекторски мерки кои што треба да се усогласат, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека во ниту еден од овие четири столбови, по кои се квантифицира напредокот во реформите во електроенергетскиот систем немаме напредок.

Немаме напредок од бомбастично најавуваните реформи за време на Самитот во Трст, кој што беше одржан минатата година. Оваа криминална и неспособна влада треба да замине. Доаѓа нова надеж за Република Македонија, нагласи Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.