Мицкоски во Штип: Оваа власт мора да си замине, доаѓаат подобри времиња

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во петокот е на терен меѓу граѓаните на Штип и штипско.

 

-Ми преставува особена чест и задоволство што денес сум во посета на штипско Ново Село и градот Штип, кои се места на непокорот и македонската пркост. Град кој денес за жал ја споделува истата судбина како и останатите градови последнава година, период на стагнација уназадување и големи проблеми. Сиромаштијата се зголемува и граѓаните се незадоволни поради тешкиот живот. Економијата е урнисана, исто како и земјоделието, образованието, здравството, истакна Мицкоски.

 

Тој посочува дека порано секоја година се отвораше по една фабрика во Штип, сега нема ништо.

-Платите не се зголемуваат, се живее тешко, а нема да се живее сигурно подобро, туку многу полошо и за една година од сега. Јас верувам во народот, во неговата сила и глас и затоа сум тука, да испратам јасна порака дека оваа власт мора да си замине и дека доаѓаат подобри времиња. Македонија мора да победи, напиша тој на својот Фејсбук профил.