Мицковски: Aроганција, неспособност и лаги е суштината на мртвото тело на опозицијата

Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски жестоко распали по раководството на опозицијата преку пост на својот ФБ профил. Неговиот став е дека тие не направија коалиција, ги промашија сите стратегии, не ја обединија партијата, туку напротив, на 30 дена пред избори дополнително ја поделија.

-Немаат еден рационален аргумент зошто би победиле, а камоли што би промениле, но и покрај тоа, си дозволуваат да ги омаловажуваат, навредуваат, замолчуваат тие што не се согласуваат со нив, напиша Мицковски.

-Листи, раководство, се тоа е минливо и менливо. Еве го денот, ќе се измери, ќе се извага. Тоа што навистина треба да се извага, што веќе го однело паметот на многумина, е ароганцијата и дрскоста на една мала група, која го прегрна заевизмот и го продава како политичка нужност. Во една недела таквите заевисти, демек независни интелектуалци или што знам, изрелативизираа се што остана неизрелативизирано од ВМРО.

Ги одбранија алфите, избегнаа да се изјаснат за некоалицирање со режимот, ги бранеа сомнителните разузнавачи, го бранеа партизирањето на граѓанскиот сектор и студентскиот отпор како демократско шаренило, ја рехабилитираа Лилто со споредби со Тито, не излегоа со ниту еден јасен политички став по кое било прашање, ни кажаа дека политиката е прашање на прагматичност, без да покажат тронка од нејзе.

Не направија коалиција, ги промашија сите стратегии, не ја обединија партијата, напротив на 30 дена пред избори дополнително ја поделија. Немаат еден рационален аргумент зошто би победиле, а камоли што би промениле, но и покрај тоа, си дозволуваат да ги омаловажуваат, навредуваат, замолчуваат тие што не се согласуваат со нив. А бројот на таквите се повеќе расте.

Релативизации и флоскули, дрскост и ароганција, неспособност и лаги, тоа е суштината на ова мртво тело на опозицијата кое преку шминка се обидува да симулира живот, енергија, промени. Ете, со производите од се тоа ќе треба наскоро да се соочиме, да се соочите, и ќе се изненадите мислам, и емпириски, и морално, и прагматично политички, колку со вашата ограниченост сте се претвориле, не во решение, туку во дел од проблемот, пишува Мицковски на својот Фејсбук профил.

ivor-mickovski