Мицковски: Да отидеш кај Филе за да ти каже да се вратиш во Парламентот е пукање во глава

Колумнистот Ивор Мицковски, преку својот Фејсбук профил вчера упати остри критики за посетата на Зоран Заев и Радмила Шекеринска на Брисел. Тој вели дека „да отидеш кај Филе за да ти каже да се вратиш во Парламент во најмала рака е пукање во глава“, пишува Курир.

Тој неколкупати досега реагира дека Заев и Шекеринска продолжуваат со уништување на СДСМ. Денес им предочи дека нивната средба со Филе и целта со која отишле таму е трагична.

-Ова е не аматеризам што го прават Заев-Шекеринска, ова е трагично. Да отидеш докај Филе за да ти каже да се вратиш во парламент, во најмала рака е пукање во глава… Да ја игнорираш таа информација е неверојатно глупо, затоа што лесно се проверува. Мислам дека Филе им соопштил уште нешто, а тоа е доколку ни го одземат кандидатскиот статус, ЕК вината ќе ја посочи и кај власта и кај опозицијата. Па доста му помагате на Груевски, напиша тој на Фејсбук.

Инаку, Ивор Мицковски беше избркан од соросовиот портал Окно поради тоа што жестоко го нападна раководството на СДСМ предводено од Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

Мицковски претходно во своите последни колумни објавени на Окно, пишуваше дека лидерот на СДСМ и дел од олигархија, а неговата заменичка “сноб кој пере пари преку кирии“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.