Мицковски: До крајот на годинава повеќе странски инвестиции во Македонија

Повеќе странски компании најавија влез во македонската економија до крајот на годината најави од Штип, министерот за странски инвестиции Горан Мицковски.

Како што пренесува Канал 5, министерот не прецизира за кои компании се работи, се до финализирањето на договороти со нив. Мицковски е убеден дека 2014 година ќе се заврши на најдобар можен начин, со исполнување на планот за влезот на странскиот капитал во земјава.

– Има веќе завршено проекти за инвестирање од странски инвеститори, чии одлуки се дефинитивни да инвестираат во Македонија. Дел оед нив ги имаат и лоцирано локациите во земјава каде ке ги градат своите објекти. За нивно обелоденување чекаме дозвола од нивните менаџерски тимови, бидејќи да не заборавиме, тие компании котираат високо на светските берзи, и согласно со тоа има одредени бизнис правила кои мора да ги почитуваме, информира Горан Мицковски, пренесува Канал 5.

Поголем дел од компаниите се од производствениот сектор, открива министерот за странски инвестиции, не исклучувајќи ја можноста помеѓу нив да се најдат и компании од други области, како ај ти техниката, услужните дејности, енергетиката. Првиот човек на Владиниот ресор за привлекување на странски капитал во Македонија, успешно ги оцени првите сто денови од работата на ова министерство.

– Оваа е интересна динамика и светот на бизнисот оперира на сосем друг начин. Она што беше зацртано како план за работа е исполнет на Министерството за изминатите како што рековте, сто дена од како сум дојден на оваа функција, подвлече Мицковски.

Успешноста во напорите за привлекување на странски инвестиотори, министерот попладнево во Штип го покажа на дело. На разговор со штипскиот градоначалник Илчо Захариев, беше во друштво со првите луѓе на британската консултантска компанија Јуро Би-Пи Ар, што е заинтересирана да отвори свои канцеларии во пет поголеми градови во Македонија, мегу кои и Штип. Бараат млада високо образовани кадри, а слободни места има над сто. Јуро Би – Пи – Ар е втората англиска компанија, која покрај Џонсон Контролс која вработува 1400 лица, ќе работи во Штип, анализира телевизијата.