Мицковски: Клиентите коишто се веќе тука се задоволни од бизнис климата

Министерот за привлекување странски инвестиции, задолжен со водење и обезбедување на бизнис и инвестициски можности во Македонија, Горан Мицковски во емисијата „Миленко Неделковски Шоу“ изјави дека анализите покажуваат дека клиентите кои веќе се тука се задоволни од бизнис климата и од функционирањето на нивните фирми во земјава.

-Анализите што ние ги имаме правено зборат дека преку 85 % од клиентите коишто се веќе тука се задоволни од бизнис климата и функционирањето на нивните фирми во Македонија или еден нов бизнис којшто го почнуваат тука. Така што, најголем дел од нив веќе имаат одлучено да се прошират или се во фаза на тоа. Задоволството од таа бројка е многу значително, вели Мицковски.

Тој додава дека идејата со странските инвеститори е тоа да бидат самостојни фирми кои што ќе се менаџираат со домашни луѓе.

-Веќе имаме примери во „Џонсон контролс“ и повеќе фирми во кои менаџери се Македонците. Тоа е добро, тоа кажува за квалитетот на домашните менаџери и за довербата што овие фирми тука ја имаат дека тој бизнис тука ќе просперира, вели Мицковски.