Мицковски најави жестока битка за преземање на власта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во интервју на ТВ Алфа, вечерва најави жестока битка за уривање на актуелната власт.

По скандалозното изгласување на Законот за јазици, Мицковски кажа дека во тек е анализа за случувањата околу прекршувањата на процедурите при изгласувањето на овој закон, а посочии дека партијата ќе побара интерепелација за претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Големи протести на почетокот на мај

Мицковски, во походот на уривање на оваа, како штто ја нарече „ненародна власт“, најави и дека партијата ќе организира и протести, на почетокот на мај.

За Законот за јазици, кој се донесе во недемократска и тензична атмосфера, Мицковски вели дека станува збор за тешка антидржавна одлука на парламентарното мнзинотово, со која се прекршени и деловникот и Уставот.

ВМРО-ДПМНЕ е разочарана. Од тој ден се воведува и нова пракса. Овој закон нема да функцонра. Донесен е во недемократски амбиент и на  насилен начин од СДСМ и Талат Џафери. Ние нудевме решение како овој Зкон да стане и Уствен и применлив, но тоа се отфрли. Овие луѓе насилно дојдоа на власт и на таков начин владеат. Не смееме да дозволиме уште едно насилнично однесување од СДСМ. Треба да се избориме за предвремени парламентарни избори,  за да зврши ова зло, посочи Мицковски.

Заев е кукавица, ова нема да му го заборавиме

За обвинувањата на Заев дека Иванов го крши Уставот со тоа што не го потпишува указот за овој закон и дека тој во случајов е кукавица, Мицковски смета дека всушност кукавица е тој што го донесе законот на таков начин и дека Македонија повеќе не смее да си дозволи вако однесување.

Иванов постапи државничи и ваков закон не заслужува потпис од претседателот,  бидејќи тој има право и должност да ги штити интересот на државата и на граѓаните. Истото тоа право го има има и Заев, но за жал, тој е кукавицата и ова нема да му го заборавиме, вели Мицковски

Тој најави и кривична пријава за сите кои беа соучесници во процесот на неуставното донесување на Законот за јазици.

На хипотетично прашање, што би направил тој доколку би бил пратеник дента кога се донесе овој закон, Мицковски кратко одговори дека  би направил се’ за да го спречи изглсувањето на Законот.

Тој, воедно ги демантираше иформациите кои деновиве ги објавија медиумите блиски до власта, дека имало договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за формирање на Влада, а во него имало согласност токму за оовј Закон, Мицковски дециден: „Доколку посттоело и мајмала искра за  договор,  ние ќе имавме влада со ДУИ. Самото тоа ја демантра оваа шпекулација која неумесно ја пласираа одредени медиуми со цел да се оправда обидот да се донесе овој Закон“.

Јас апелирав дека ако ова сценаријо се случи,  негативно ќе влијае на евроатлантските интеграции. Ова е срам за демокаратијата.  Се туркаат еднонационани интереси на сметка на националите интереси на македонската држава. Препораката од меѓународната заедница е да се пристапи кон реформите, но, власта не знае како, немаат капацтет. И тука сме да помогнеме, нема да ја напуштиме преговарачката маса, бидејќи со тоа граѓаните и државата ќе изгубат, вели Мицковски.