понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Мицковски: Опозицијата ја водат губитници, замаглени глави, ситни души

Мицковски додава дека гледа преголеми заблуди кај оние кои се замислуваат дека се некаква прогресивна сила во општеството, а всушност се самоизолирани и веќе препознаени како нереални и нерелеватни.

ivor-mickovski

Поврзани вести

Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски жестоко распали по раководството на опозицијата преку пост на својот ФБ профил. Неговиот став за опозицијата е дека ја водат губитници, замаглени глави, нереални, нерелевантни и ситни души.

-На пат сме да го воскреснеме режимот, и покрај идеалните услови за негов крај. Историјата ќе покаже како ситни души и замаглени глави одбраа погрешни патишта, но малку што вреди историјата на губитниците, пишува Мицковски.

Мицковски додава дека гледа преголеми заблуди кај оние кои се замислуваат дека се некаква прогресивна сила во општеството, а всушност се самоизолирани и веќе препознаени како нереални и нерелеватни.

 

Најчитани вести