Мицковски: Поразот на Жерновски е пораз на опозицијата и политичките бомби

Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски по неуспешниот референдум во Центар порача вината за огромниот неуспех на референдумот за ГТЦ да не се префрла само на Жерновски, туку дека тоа е вина на опозицијата. Мицковски пишува дека опозицијата е фрагментирана, нивните бомби се неуспешни и нема капацитет за промени, пренесува Курир.

-Ова не е пораз само на Жерновски, да не се лажеме. Ова е пораз за целата фрагментирана и поделена опозиција. Ова е пораз на бомбите за Центар. Ова е потсетување дека нема иднина со монополизирана опозиција, дека критиката е повеќе од потребна и дека суштински треба да се преиспита актуелното политичко делување, пишува Мицковски.

Според Мицковски, “сега ќе слушаме како борбата продолжува, и тоа е така, но денес, докажавме дека не сме ништо подобри од тие што сакаме да ги смениме…’

-Покажувањето веднаш со прст кон Жерновски, е само уште еден во серијата докази, дека капацитет за такво нешто, во моментов не постои, додава поддржувачот на опозицијата.

ivor-fb_thumb_medium500_259

Референдумот за ГТЦ е неуспешен, затоа што ја нема потребната излезност за законскиот цензус од 50%. Според информациите кои ги потврдија од ДИК и од општина Центар, денеска во општината на гласање излегле 40.5% од запишаните гласачи во општината, односно недостигаат околу 10% за референдумот  да биде успешен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.