Мицковски: Во опозицијата има една нездрава сплотеност на интереси

Кри­тич­ки на­стро­ен кон тоа што сме­та де­ка ѝ ште­ти на пар­ти­ја­та во ко­ја до не­о­дам­на бе­ше акти­вен член, Ивор Миц­ков­ски го критику­ва­ше из­бо­рот на Зо­ран За­ев за ли­дер на пар­ти­ја­та. Тој не се сог­ла­су­ва со го­лем дел од че­ко­ри­те што ги пре­зе­де оваа партија. Чове­кот што сту­ди­ра­ше во Ита­ли­ја, дип­ло­ми­ран по­ли­ти­ко­лог, де­нес е де­ци­ден – ус­ло­ви­те за из­бо­ри се до­го­ва­ра­ат пред из­бо­ри, а не по нив. По из­бо­ри­те е ве­ќе доц­на, вели тој во интервју за „Република“.

„Ви­стин­ски­от гнев кај нај­го­лем дел од членс­тво­то ле­жи во хи­по­кри­зи­ја­та на ова по­ли­тич­ко ра­ко­водс­тво, во нив­на­та пре­врт­ли­вост и опор­ту­ни­зам. По­тоа, на тоа мо­же­ме да го до­да­де­ме фа­ктот де­ка нај­го­лем дел од чле­но­ви­те на СДСМ не гле­да­ат ре­ше­ние во дво­е­цот За­ев – Ше­ке­рин­ска, не сме­та­ат де­ка има­ат по­ли­тич­ко зна­е­ње и моќ за да про­ме­нат не­што“, ве­ли Миц­ков­ски.

Из­ја­ви­те на екс­ли­де­рот Бран­ко Цр­вен­ков­ски, спо­ред не­го, не му на­не­ле ште­та на СДСМ, ту­ку ште­та си на­нел са­ми­от За­ев, кој, ка­ко што ве­ли, во ист ден из­ле­зе со два раз­лич­ни ста­ва и, фа­тен во си­ту­а­ци­ја да се со­о­чи со об­је­ктив­ни­от по­раз на сво­ја­та по­ли­ти­ка, се ре­ши да го жр­тву­ва и да го мар­ги­на­ли­зи­ра во тој мо­мент нај­сил­ни­от адут на опо­зи­ци­ја­та, Сте­во Пен­да­ров­ски.

Бев­ме све­до­ци на из­ја­ви да­де­ни од Цр­вен­ков­ски, За­ев и од Пен­да­ров­ски, кои на­ште­ти­ја на оп­шти­от имиџ на парти­ја­та во јав­но­ста, но вне­соа раз­дор и ме­ѓу чле­но­ви­те и акти­ви­сти­те? Мо­ра­ше ли да се слу­чат тие расправии во јав­но­ста?

Мицковски: Не мо­жам да тол­ку­вам да­ли не­што мо­ра­ло или не мо­ра­ло да се слу­чи. Од дру­га стра­на, не мис­лам де­ка из­ја­ви­те на Црвен­ков­ски ѝ на­не­соа ште­та на пар­ти­ја­та. Ште­та си на­не­се са­ми­от За­ев, кој во ист ден из­ле­зе со два раз­лич­на ста­ва и кој фа­тен во си­ту­а­ци­ја да се со­о­чи со об­је­ктив­ни­от по­раз на сво­ја­та по­ли­ти­ка, се ре­ши да го жр­тву­ва и да го мар­ги­на­ли­зи­ра во тој мо­мент најсил­ни­от адут на опо­зи­ци­ја­та, Пен­да­ров­ски. Мо­рам да приз­на­ам де­ка бев раз­о­ча­ран и од ста­вот на Пен­да­ров­ски, кој са­мо ги потвр­ди ре­зер­ви­те што по­сто­е­ја кон не­го. По­ли­ти­ка­та не е игра на де­фан­зи­ва, осо­бе­но не ко­га ре­зул­та­ти­те и фа­кти­те се на ва­ша страна.

Ка­ко ја об­јас­ну­ва­те сред­ба­та Цр­вен­ков­ски – За­ев, ка­ко при­мир­је или ка­ко обид за единс­тво?

Мицковски: Ни ед­но од две­те! Мис­лам де­ка За­ев по­ве­ќе се по­тру­ди да ја тол­ку­ва со не­го­во­то со­оп­ште­ние за единс­тво и за асолутното зло, од кој би­ло друг. Опо­зи­ци­ја­та не­ма ни­ка­ква ко­рист од при­мир­ја, осо­бе­но ко­га не по­стои вој­на. Од дру­га стра­на, пови­ку­ва­ње­то на единс­тво, и пак ќе ка­жам, од уста­та на За­ев, ми се чи­ни ка­ко не­што крај­но не­се­ри­оз­но, из­ве­тре­а­но, де­мо­де. Едностав­но, мис­лам де­ка во опо­зи­ци­ја­та не­ма единс­тво, до­де­ка во опо­зи­ци­ја­та на За­ев вла­дее, би ре­кол, и ед­на нез­дра­ва спло­те­ност на ин­те­ре­си. Проб­ле­мот е што опо­зи­ци­ја­та на За­ев не са­мо што е ве­ќе мал­цин­ска, таа ве­ќе не е ни­ту ре­ле­вант­на.