Мицковски со жестока критика за Заев и новинарите на СДСМ

Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски преку социјалната мрежа Фејсбук упати жестока критика кон лидерот на СДСМ Зоран Заев и новинарите на опозициската партија, пренесува Курир.

Мицковски прашува дали оние кои слушаат приватни разговори и одобруваат нивно дистрибуирање се сметаат за морални вертикали во општеството.

ivor-mickovski-fb-640x1020

-Вие што си дозволувате да слушате и преслушувате приватни разговори, да одобрите некои партиски квази новинари да ги дистрибуираат, да рекетираат, да профитираат од селективно објавени материјали, вие што потоа си земате за право да судите за моралот на лицата чии приватни разговори ги слушате, вие ли сте моралните вертикали на ова општество?!

Па какви луѓе сте вие, што ви направил режимов, ве заслепил комплетно, ве претворил во ѕверови без тронка осет и достоинство, пошто ако не го почитувате туѓото, дури и на оној со кој не се согласувате, тогаш во што сте вие подобри?!

Медиумскиот притисок е огромен кон секоја личност која макар 5 минути се појавила во јавноста. Но, на веќе ужасната политичка и медиумска дисторзија која се врши врз секоја јавна личност, да мислиш дека слушањето приватни разговори е некакво прочистување, треба да си поприлично ограничен.

И тоа е најголемата измама, дека тие лица, тие личности, кои медиумите и политиката ги издеформирале, ги умножиле без мерка, тие политички искреирани лица, му припаѓаат на полисот, кој наводно е чист, морален, има право да суди, може да се чувствува како подобар.

Тоа е лажгата, дека за некој тука воопшто може да се каже дека е подобар од другите или дека има повеќе право над нешто од другите, пишува Мицковски на Фејсбук.