Македонија

Мицковски: Зошто власта решила да преговара со волку раштиман оркестар?!

Мицковски: Зошто власта решила да преговара со волку раштиман оркестар?!

Вистинското прашање што некои луѓе од “опозицијата” треба да си го постават, е зошто власта решила да се смилува и да преговара со волку евидентно, раштиман оркестар?!

mickovski-500

Ова денеска на својот ФБ профил го напиша колумнистот Ивор Мицковски, некогашен близок соработник на раководството на СДСМ.

„Вистинското прашање што некои луѓе од ’опозицијата’ треба да си го постават, е зошто власта решила да се смилува и да преговара со волку евидентно, раштиман оркестар?! Гледам дека не им е јасно и гледам како сакаат веќе политички да поентираат дека нешто постигнале. Тоа е смешно, но уште повеќе е крајно нереално. Власт преговара со ваква ’опозиција’, затоа што се чувствува пресилна, способна секое барање да го изигра, а земајќи ја во предвид слабоста на противникот, дури и нешто да прифати, а притоа ништо да не изгуби. Настрана тоа, не ја разбирам дарежливоста на ДПМНЕ, напиша Мицковски на својот Фејсбук профил.

ivor500