петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 35

Киријакос Мицотакис избран за лидер на Нова Демократија

kirijakos-micotakis

Последни вести

Грчките конзервативци го избраа Киријакос Мицотакис за нов лидер на Нова демократија, со надеж дека синот на поранешниот премиер ќе може да биде предизвик за левичарскиот премиер Алексис Ципрас, јавува Танјуг.

Мицотакис (47) однесе победа над 62 – годишниот Вангелис Мимаракис, поранешниот претседател на парламентот , кој важеше за фаворит.

Агенциите оценуваат дека сега за Мицотакис, кој завршил економија на Харвард ќе биде предизвик да ги „одмери силите“ со харизматичниот левичар Ципрас, кој минатата година два пати ја победи Нова демократија на избори.

Грчките медиуми известуваат дека во текот на денот гласале повеќе од 300.000 членови на Нова демократија. Иако партијата сеуште не ги објавила резултатите од гласањето, Мимаракис веќе го призна поразот.

Киријакос Мицотакис е син на поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис. Тој пред гласањето за Катимерини изјави дека се залага за „меритократија, транспарентност и еднакви можности“.

Гарантирам дека наскоро ќе создадеме големо движење на десниот центар што на Грција ќе и пружи доверливо алтернативно решение во владата, порача Мицотакис.

Нова демократија беше без лидер од јуни минатата година кога Андонис Самарас ненадејно поднесе оставка. Мицотакис ги отфрли критиките дека лидерската функција ја добил благодарение на семејните врски.

Неговиот татко беше лидер на партијата од 1984-тата до 1993-тата година, а неговата сестра Дора Бакојани е поранешна градоначалничка на Атина и министерка за надворешни работи.

Најчитани вести