Microsoft ја нападна владата на САД за криење на слабостите на компјутерските програми

Компанијата Microsoft ја нападна американската влада поради прикривање на слабостите на компјутерските програми, истовремено кога безбедносните служби ширум светот се обидуваат да дојдат до виновниците за глобалниот напад со уценувачкиот копјутерски вирус кој ја загрози работата на стотици болници, минстерства, фабрики, училишта и компании ширум светот.

Претседателот на Microsoft Бред Смит во блого објавен во неделата, се чини, дека ги призна она што веќе многу експерти го заклучија, а тоа е дека творците на уценувачкиот вирус ја искористиле програмата за хакирање којашто ја создала амерканската Агенција за национална безбедност (NSA) којашто во април истекла на интернет.

„Станува збор за нов образец во 2017 година. Гледаме дека сознанијата за ранливоста на системот, коишто Централната разузнавачка агенција (CIA) ги криеше, се појвуваат на WikiLeaks, а сега таквите сознанија се украдени од Агенцијата за национална безбедност, и тоа им наштети на корисниците ширум светот“, напиша Смит.

Со тоа челникот на Microsoft додаде оган на огнот во дебатата за тоа дека владините служби и агенции би морале да ја балансираат сопствената желба да ги кријат слабостите на компјутерските системи за да ги користат за шпионирање и кибернетичка војна со интересите на јавноста технолошките компании да бидат предупредени на слабостите на програмите за да се направат „закрпи“ коишто ќе ја зајакнат безбедноста на кориснциите на интернет.

„Овој напада дава уште едени пример зошто е толкав проблем кога владите собираат сознанија за слабостите“, напиша Смит. Додава дека владите ширум светот треба овој напад да го третираат како повик за будење и да размислуваат за штетите за граѓаните од криењето на тие слабости и нивното искористување.

И од NSA и до Белата куќа за Reuters не сакале да го коментираат нападот од Microsoft.

Економските стручњаци проценуваат дека штетите од глобалниот кибернетички напад за деловната заедница и владите би можеле да се движат од неколку стотици милиони до неколку милијарди долари. Повеќето жртви брзо успеале да ги активираат резервните програми и да воспоставата нормално работење, велат експертите.

Европол во неделата објави дека се погодени 200.000 жртви во најмалку 150 земји и оти нивниот број ќе расте со почетокот на работната седмица, откако службениците по викендот ќе се вратат на своите работни места. Сепак, во Азија не се регистрирани поголеми проблеми.

Кинеската енергетска компанија „PetroChina“ објави во понеделникот дека плаќањето на некои бензиснки црпки е оневозможено, а неколку локални полициски станици и сообраќајни бироа во земјата, исто така, се погодени со овој напад.

Јапонската полиција известе за две упаѓањеа во компјутерските системи, еден во болнца а другиот го пријавило приватно лица Индустрискиот конгломерат „Hitachi Ltd.“ извести дека вирусот зарази делови од неговиот компјутерски систем.

Берзите во Азија во понеделникот започнале да работата без пречки.

Најголемата онколошка клиника во Индонезија, којашто од нападот беше погодена во текот на изминатиот викенд, го обновила функционирањето на 70 отсто од системот.

Властите во Јужна Кореја објавија во понеделникот дека во земјата се регистрирани седум случаи на овој изнудувачки вирус, а Австралија објави дека само три компании се погодени од вирусот.

Азиските експерти предупредвуаат дека многи „мини“ чекаат во електронските поштенски сандачиња на корисниците, бидејќи најголемиот број од нападите се одвивал преку електронските пораки. Во Хонгонг стручњаците објавија дека откриле нов облик на вирусот кој не се шири преку електронските пораки, туку со отворање на линковите на итнернет странциите кои автоматски го заразуваат компјутерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.