„Microsoft Showcase Classroom“ ќе ги обучува наставниците во СОУ „Никола Штејн“ во Тетово

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски и градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи, денеска го посетија СОУ „Никола Штејн“ во општина Тетово, едно од училиштата, каде во наредниот период ќе се спроведува проектот „Microsoft Showcase Classroom“, поддржан од Microsoft и компанијата TDK Computers.

Технолошките иновации и информатичките комуникации играат една од клучните улоги за трансформација и модернизација на квалитетот на образованието, изјави Лутфиу, потенцирајќи дека „Microsoft Showcase Classroom” е конкретен проект кој има за цел да го унапреди образованието во Република Македонија.

Министерот Лутфиу, информираше дека ќе се извршат серија обуки за наставниците, при што ќе се оцени и како програмите на платформата на Microsoft во образованието им овозможува на учениците и младите луѓе да се здобијат вештини за 21 век.

Нашата визија предвидува сите институции во кои се врши воспитно-образовна дејност, да се трансформират во една поорганизирана и покреативна средина за учење и соработка, како и да се зголеми интересот и ангажирањето на учениците самостојно да работат во процесот на учењето, рече Лутфиу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.