Мидлзборо за малку ќе направеше сензација

Тимот на Ливерпул успеа да помине во следната рунда во Лига Купот, откако успеа да го совлада Мидлзборо, и тоа не после 90 минути игра, не после две продолженија, туку дури после 30 серии на пенали.

Тренерот на „црвените“ Брендан Роџерс очекувано настапи со комбиниран состав, а се одеше според планот кога Роситер погоди за водство во 10-тата минута.

Сепак, гостите успеаја да изедначат во 63-тата минута, па се играа продолженија. Ново водство на Ливерпул му донесе Сусо во 109-та минута, а Бамфорд во 123-тата израмни на 2:2 по досудената најстрога казна, па патникот во следната рунда мораше да се решава со пенали.

Во пенал серијата беа изведени неверојатни 30 удари од единаесет метри, а Ливерпул се пласираше во четвртото коло од Лига Купот благодарејќи на непрецизноста на Адома во 15-тата серија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.