Миењето на лице изгледа едноставно, но многумина грешат!

Често она што го правите погрешно е полошо отколку воопшто да не сте го направиле. Така е и со миењето. Дали грешите?

Лицето треба да се мие два пати дневно – наутро и навечер

Наутро ја симнувате маснитијата и нечистотијата која вашето тело ја исфрлило во текот на ноќта, а навечер ја отстранувате нечистотијата која се насобрала во текот на денот.

Хигиена

Пред чистењето на лицето задолжително измијте ги ваите раце. Неверојатно е колку луѓето го забораваат овој чекор. Не сакате да го мието лицето со валкани раце, зар не?

Исто така, многу е важно каков пешкир користите. Обезбедете си неколку пешкири, кои се наменети само за бришење на вашето лице по миењето. По можност секој ден кортете нов пешкир за лице, бидејќи со миењето обично не ја отстранувате сета нечистотија, туку дел останува на пешкирот. Не сакате следниот ден истата да ја вратите на лицето?

Средството за чистење на лицето морате задолжително да го отстраните, внимавајте да не се задржи на кожата, бидејќи може да дојде до сушење.

Вистинските чекори

Важно е да одберете средство кое и одговара на вашата кожа, PH балансирано. Обично оние со помасна кожа користат средства во вид на пена, а оние со сува во кремаст облик.

Не е препорачливо лицето да се мие ниту со ладна, ниту пак со топла вода. Млаката вода е идеална, бидејќи благодарение на неа вашата кожа останува хидратизирана и неоштетена. Имајте на ум и дека средтвото за чистење не е и ваш пилинг. Вам ви треба нежен чистач. Премногу триење и пилинг може да доведе до сушење на кожата. Пилингот правете го само повремено по можност со некоја природна маска.