МИГ-29 држел на нишан турски авиони Ф-16

МИГ-29 држел на нишан турски авиони Ф-16
МИГ-29 држел на нишан турски авиони Ф-16

Авион МИГ-29, од засега непозната земја, четири минути и 30 секунди попречувал осум турски авиони Ф-16 додека ја набљудувале турско-сириската граница така што ги држел на нишан односно со вклучен радар кој дава можност ракетите автоматски да ја следат метата, соопшти денеска турската армија, пренесе МИА.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја предупреди Русија дека многу ќе загуби доколку го уништи пријателството со Анкара и додаде дека Турција нема да биде трпелива кога во прашање е руското нарушување на турскиот воздушен простор.

Каков било напад врз Турција значи и напад врз НАТО, истакна Ердоган на заедничката прес-конференција со белгискиот премиер Шарл Мишел во Брисел.

Официјална Москва денеска најави дека ќе ги испита тврдењата на Анкара дека еден од руските воени авиони ангажирани во Сирија вторпат го нарушил воздушниот простор на Турција.