Mиграцијата, роамингот, лобирањето и абортусот како теми за расправа на ЕП

Утре, ЕП ќе разговара за миграцискиот камп во близина на францускиот град Кале, бидејќи претходно францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека сличните незаконски кампови ќе бидат целосно отстранети до крајот на годината и побара помош од Владата на Велика Британија.

Според француската Влада, во кампот во Кале живеат околу 7.000 мигранти, кои се обидуваат да стигнат до Велика Британија, а според податоците на невладините организации таму престојуваат околу 10.000 мигранти.

В среда, миграцијата ќе биде главна тема на заседанието.

Европретениците ќе разговараат за промените на миграциската политика во ЕУ, како за прашањата поврзани со односите со Русија.

Утревечер европратениците ќе се произнесат и по предлогот на Европската комисија за намалувањето на цените за роаминг услугите од следното лето при определени услови.

Претходната година ЕП и Советот на ЕУ ја повикаа Комисијата да даде предлози со кои ќе ја задржат стабилноста на телекомуникациските оператор и да предвиди ограничувања за злоупотребите.

ЕП предложи, операторите само да можат да откриваат и спречуваат случаи во кои нивните услуги се користат на сомнителен начин.

Европратенците утре ќе разговараат и за случајот кој неодамна беше решен, во кој поранешниот претседател на ЕК, Жозе Барозу и неколку еврокомесари од неговиот тим беа назначени за работа во блокот, на начин, кој поттикнува сомнеж за судир на интереси.

В среда ЕП ќе го разгледа предлогот на Регистерот на лобисти да го опфати и Советот на ЕУ. Комисијата предлага еден регистер, кој ќе ги опфаќа трите основни институции на ЕУ.

Во 2011 година беше воведен заеднички регистер за транспарентност за ЕП и ЕК. Оттогаш, единствено лобистите имаат пристап до зградата на Парламентот.

Во слободните часови в среда, е предвидена дебата за обидот на Полска за промена на законодавството, поврзано со правото на жените на абортус.

Според европратениците законодавството по тоа прашање во земјата е многу строго. Тоа влијае и до пристапот на жените до процедурата за вештачко оплодување.