недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

Миграцијата, тероризмот и глобалната безбедност во завршниот документ на самитот на Г-7 во Јапонија

133188379.jpgг7

Последни вести

„Континуираното масовно движење на мигрантите и бегалците, земјите од Г-7 го оценуваат како глобален проблем што треба да биде решен од целата меѓународна заедница“.

Ова се наведува во завршната декларација од дводневната средба на врвот во Јапонија на седумте најразвиени економии во светот, пренесува МИА.

Во документот се посочува дека државите од седумката се загрижени од ситуацијата во Јужно Кинеско Море и инсистираат споровите за контрола врз акваторијата да се решат на мирен начин, согласно меѓународното право.

Неопходно е да се бара пат кон постигнување мир низ светот и создавање услови за свет без нуклеарно оружје, се наведува уште во коминикето од Самитот на Г-7.

Во документот се дава препорака за „натамошни колективни и координирани дејствија“ против тероризмот и неговото финансирање, се осудуваат нуклеарните и ракетните тестирања во Северна Кореја и се забележува дека санкциите против Русија ќе бидат повлечени кога таа ќе ги исполни своите обврски од Минските спогодби, пренесоа светските агенции.

Најчитани вести