Мигрантска криза: Убијте не, или помогнете ни

Убијте не, или помогнете ни

Стотина мигранти се заглавени на ничија земја на Македонско-Грчката граница застанати до срцепарателните зборови напишани на парче картон…

На Турската граница со Сирирја, маж кој не причинил никакво насилство во Сирија, бил претепан од стражата и присилен да се врати во воената зона, додека во Шведска им ги затворија вратите.

 Убијте не, или помогнете ни
Убијте не, или помогнете ни

Овие се само три слики од животот на бегалците и мигрантите кои се обидуваат да го најдат својот дом на континентот бегајќи од теророт во Сирија. Нападите во Париз и фрлија сенка на најголемата мигрантска криза после Втората светска војна. Кризата продолжува, а Европа ја плаќа цената…

Иранците си ги зашија усните

Еден од најекстремните протести видени од почетокот на кризата беше кога 10 мажи заробени на Македонско-Грчката граница си ги зашија усните во знак на тивко противење од неможноста да влезат подлабоко во Европа.

Убијте не, или помогнете ни
Убијте не, или помогнете ни

Откако се зашиле со игла и црн конец, се соблекле до половината и напишале „Иран“ на грбот, „Само слобода“ на градите и застанле пред полицијата. Усните ги оставиле зашиени со денови, предизвикувајќи штрајк со глад.

Убијте не, или помогнете ни
Убијте не, или помогнете ни

Овие уморни луѓе, кои поминале долг пат и се во лоша состојба не можат да сфатат како многумина пред нив ги поминаа границите, а тие не можат. Поради фрустрацијата која ја чувствуваат предизвикуваат немири, така што денеска голема група економски мигранти од Мароко се судри со грчката полиција, поради што не им дозволуваа на бегалците од кризните воени жаришта да ја преминат границата. Повеќе за ова на следниов линк