Мигрант од Ирак нападнат и ограбен во Демир Капија

Дваесет и шестгодишен бегалец од Ирк вчера бил физички нападнат и ограбен од страна на неколку лица во бЛизина на железничката станица во Демир Капија.

Додека спиел К.Ф.(26) од Ирак бил физички нападнат и удиран со тупаници и клоци во пределот на телото и главата. Напаѓачите исто така му одземале и мобилен телефон и 50 евра.

Извршен е разговор во присуство на родител со едно лице на возраст од 16 години за кое постои сомнеж дека е инволвирано во настанот, а се работи на утврдување на евентуално други лица. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.