Мигрант прободе полицаец со нож во Гевгелија

Мигрант прободе полицаец со нож. Станува збор за припадник на специјалните полициски сили кој бил распореден за обезбедување на Железничката станица во Гевгелија, јавува порталот Гевгелија нет.

Инцидентот се случил синоќа околу 23 часот во близина на Бензинската на Макпетрол која се наоѓа под надвозникот на влезот во Гевгелија на стотина метри од зградата на железничката станица. Засега неидентификувано лице – мигрант на поминување низ Гевгелија со нож прободел полицаец.

Мигрантот побегнал од местото на настанот

Мигрант прободе полицаец со нож во Гевгелија
Мигрант прободе полицаец со нож во Гевгелија

Очевидци на настанот, кога мигрант прободе полицаец со нож, за порталот Гевгелија нет велат дека екипа на специјалните полициски сили заобиколила група од десетина мигранти со цел да се идентификува сторителот, а несреќно прободениот полицаец се’ уште лежел на стомак на асфалтот со грчевити тресења на екстремитетите.

На местото на настанот веднаш пристигнала и екипа на брза помош од гевгелиската Општа болница.

Поголема група граѓани следела што се случува

Голем дел од жителите на Гевгелија кои биле на прошетка во тој дел на градот велат дека од надвозникот, долу на улицата наспроти бензинската ја гледале гужвата и се уште растрепереното тело на прободениот полицаец.

Еден од граѓаните изјави дека веднаш по настанот, откако мигрант прободе полицаец со нож, голема група од бегалци – мигранти, по негова проценка стотина луѓе, со трчање се упатиле кон надвозникот и од таму надвор од Гевгелија.

МВР се’ уште не дало извештај за настанот.