Крими хроника

Мигрант си ги расекол рацете и нозете кога слушнал дека починала мајка му

Мигрант си ги расекол рацете и нозете кога слушнал дека починала мајка му

Во Прифатниот центар за странци – Скопје, вчера во 21.50 часот , С.М.(19) од Авганистан, времено сместен во ПЦС, се самоповредил –  со остар предмет си нанел гребаници по горниот дел од двете раце над дланките и двете нозе во долниот дел.

С.М. се самоповредил бидејќи по извршен телефонски разговор со татко му дознал дека неговата мајка починала.

На истиот му е укажана лекарска помош, соопшти полицијата.