среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 46

Мигранти го блокираа патот Игнација во Грција

Последни вести

Бегалци и активисти синоќа го блокираа автопатот „Игнација“ во двата правци, протестирајќи поради условите во блискиот прифатен центар Кацика и со барање за отворање на македонската граница, јави Танјуг.

Околу 200 демонстранти седнаа на автопатот „Игнација“, што го спојува пристаништето Игуменица на западот на Грција со местото Кипои на грчко-турската граница.

Полицијата пристигна за да спречи судири со возачите на камиони, а бегалците и активисти ги блокираа и околните патишта.

Најчитани вести