Околу 800.000 мигранти илегално влегле во ЕУ

Според наводите на Фронтекс од минатиот месец, за девет месеци во ЕУ влегле 710.000 мигранти, но се предупредува дека голем број лица се броени два пати.

Агенцијата на 13-ти октомври изјави дека истите лица повеќе пати се обидуваат илегално да ги преминат границите. Тоа значи дека голем број лица кои се бројат кога ќе стасаат во Грција, повторно се бројат кога ќе стигнат во ЕУ преку Хрватска или Унгарија.

Околу 800.000 мигранти илегално влегле во ЕУ
Околу 800.000 мигранти илегално влегле во ЕУ

Според најновите податоци на УНХЦР, годинава повеќе од 744.000 лица го преминале Медитеранот и се упатиле кон Грција.

За време на денешниот ден првата група од 30 мигранти ќе ја напушти Атина и ќе замине во Луксембург, според планот на ЕУ за прераспределба на бегалците во 28 земји членки, со цел да се олесни притисокот врз земјите како што се Грција и Италија.

ЕУ се надеваат дека на тој начин ќе бидат распределени околу 160.000 лица.