Мигранти-канибали ја распарчиле италијанската тинејџерка, ги изеле срцето и гениталиите

Детали од грозоморното убиство од минатиот месец кое ја потресе централна Италија кога на текото на 18-годишната Памела Мастерпјетро беше пронајдено на улица, објавуваат во петокот медиумите според кои нејзиното тело било исечено на парчиња и ставено во два големи кофера минатиот месец во градот Поленца.

Мастерпјетро е убиена а нејзиното тело било искасапено од страна на мигранти од Нигерија, кои во Италија живееле со истечена виза и чекале да бидат екстрадирани. Според истражувањата на професорот по криминологија, Алесандро Мелучи, мигрантите најверојатно планирале да и ги изедат срцето и гениталиите како дел од ритуал.

Полицијата го уапсила Инокент Осагале во врска со убиството, откако детално биле прегледани камерите околу местото каде било оставено телото. Осагале ѝ бил познатна полицијата како дилер на дрога, кој чекал депортација.

Полицијата ја претресе куќата на Осагале и ги пронашла алиштата на жртвата натопени со нејзината крв, кои убиецот веројатно ги чувал како трофеј. Случајот предизвика уште поголемо внимание кога психијатарот и професор по криминологија Алесандро Мелучи рекол во интервју за еден медиум, дека убиството има идентична заднина како ритуалните убиства на нигериската мафија.

Професорот Мелучи истакнал дека срцето и гениталиите не се пронајдени и дека се изедени во канибалистички обред. Форензичкиот извештај потврдил дека девојката е претепана до смрт, што го урнало тврдењето на полицијата дека е убиена преку вбризгување на смртоносно количетво дрога во крвотокот.