ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Мигранти во масовна гробница во Медитеранот

мигранти масовна гробница медитеран

Повеќе од 36.000 мигранти од земји во кои дивеат војни како Сирија и Еритреја, минале низ смртоносно патување преку Медитеранот, кој за нив станува масовна гробница, за да стигнат до Европа, објавува американската „Vice News“, пренесува Нетпрес.

Мигрантите се качуваат на чамци и бродови најчесто во Либија, а потоа тргнуваат на смртоносно патување до Грција, Италија и Шпанија. Ова го прави Медитеранот масовна гробница за мигрантите.

Претпоставките се дека досега најмалку 1.800 лица починале, во последниве четири месеци. Само на 15 мај загинале околу 400 мигранти, кога нивниот мал брод, со кој тргнале на своето патување преку Медитеранот до Европа, се превртел во близина на брегот на Либија. Само пет дена подоцна брод кој превезувал 900 мигранти се превртел во близина на јужниот дел на италијанскиот остров Лампедуза. Истиот ден имало уште две несреќи на бродови кои превезувале мигранти.

На втори мај, лани, повеќе од 35о мигранти, меѓу кои и бремени жени, биле згрижени од италијанската морнарица на пристаништето на градот Палермо.

Мигранти се спасуваат од превртен брод во медитеранот
Мигранти се спасуваат од превртен брод во медитеранот

Во тој период италијанската морнарица спасила околу 3.500 мигранти од Сирија и од северна Африка. Тие биле најдени и спасени во водите на Медитеранот, додека од северна Африка патувале кон Сицилија.

Мигранти починати во водите на Медитеранот
Мигранти починати во водите на Медитеранот

Италијанската влада во 2013 година вовоеде програма наречена „Маре Нострум“, која предвидува наоѓање и спасување на мигранти од водите на Медитеранот, чии води за нив стануваат масовна гробница.

Мигранти кои не успеале до допатуваат во Европа
Мигранти кои не успеале до допатуваат во Европа

Но, програмата беше укината, а Европската унија воведе помала која ја нарече „Тритон“, и која функционира со само третина буџет од оној на „Маре Нострум“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.