петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 54

ВИДЕО: Мигранти со нож нападнаа новинари во кампот кај Кале

Во приложеното видео се гледа моментот како двајца новинари што снимаа во кампот кај Кале се нападнати со нож и со лут спреј, јавува бртански „Сан“.

napadnati-novinari-kale

Поврзани вести

Во приложеното видео се гледа моментот како двајца новинари што снимаа во кампот кај Кале се нападнати со нож и со лут спреј, јавува бртански „Сан“.

Тројца мажи го набаднаа Туен Воетен и го туркаат кон шаторот додека се обидувале да го ограбат.

Еден маскиран напаѓач се врти и се заканува со нож на колегата Мааике Енгелс кој успеал да го сними застрашувачкиот напад.

Мигранти со нож нападнаа новинари во кампот кај Кале

Мигранти со нож нападнаа новинари во кампот кај Кале

Холандските новинари се спасени откако другите мигранти почнале да фрлаат камења врз напаѓачите по што истите побегнале.

Новинарите ја објавија оваа вознемирувачка видео снимка на Фејсбук. Инаку двајцата новинари снимале документарен филм со наслов „Добредојдовте во џунглата“ во саботата додека француските власти се подготвуваа да испратат булдожери за да срушат дел од кампот.

Воетен подоцна на Фејсбук напиша:

За малку ќе бев ограбен во бегалскиот камп во Кале од страна на мигрантите додека снимав со Мааике Енгелс за нашиот документарец. Другите мигранти дојдоа да ни помогнат.

Најчитани вести