Mигранти нападнале жени во воз во Белгија

Mигранти нападнале жени во воз во Белгија
Mигранти нападнале жени во воз во Белгија

Најмалку три малолетни лица нападнале жени во воз на линија Брисел-Турне во минатата недела, јави БТА повикувајќи се на локални медиуми.

Мигрантите се 13-годишни и кандидати за азил во Франција. Тие биле приведени, но подоцна и ослободени.

Според полициски извештај, жените биле објект на сексуален напад.

Во полицијата биле доставени и две други пријави од малолетни девојчиња кои биле жртви на сексуален напад во возот. Според нив, тие биле нападнати од други лица мигранти, а не од приведените.

Премиерот Шарл Мишел владата ќе преземе дополнителни мерки за заштита на жените од насилство на јавни места, но не дал детали за планот

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.