Мигранти од Сирија откриени во возило на жител на Липково

Шест мигранти од Сирија откриени вчера во товарно возило на автопатот Гевгелија – Скопје.

Полицијата го запрела товарното возило „мерцедес“ управувано од С.Б.(36) од општина Липково, а при контрола во товарниот дел се откриени шест мигранти од Сирија. Лицата се приведени во полициксата станица Неготино, а од извршен разговор еден од мигрантите изјавил дека истите оствариле илегален влез од Република Грција, со цел да транзитираат преку Македонија-Србија до западноевропските земји.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.