Мигранти повторно ја блокираа пругата кај Идомени

Железничката пруга беше отворена само кусо време, по што мигрантите повторно поставија шатори и големи камења на шините.

Ситуацијата во Идомени останува тензична, а вчера е повреден и еден Сириец, под засега непознати околности.

Грчката полиција вчера употреби и солзавец против група мигранти кои мавале со камења врз полициско комбе за кое мислеле дека го прегазило повредениот Сириец. Според полициски извор, полициските единици за сузбивање нереди брзо интервенирале и ја разбиле групата агресивни мигранти.

Засега се уште не е познато како бил повреден Сириецот.