Мигранти предизвикаа инциденти на Хиос

бегалци

Мигранти и бегалци, воглавно од Африка, запалиле шатори, а локалните медиуми јавија дека поголемиот дел од кампот бил уништен. Тие кршеле шофершајбни на автомобили и излози.

По интервенција на полицијата, упасени се засега непознат број на мигранти и бегалци.

Според ЕРТ, синоќа во 23 часот група мигранти и бегалци влегле во продавница и украле голем број петарди и огномет и го палиле низ градот и во близина на куќи. Тие, исто така, фрлале камења врз автомобили во движење. Полицијата ја блокирала областа и употребила солзавец.