Мигранти пробија полициски кордон на унгарско-српската граница

Од 400 до 500 мигранти и денес го пробија кордонот на унгарската полиција, која се обиде да ги задржи во таканареченото собиралиште на границата со Србија, во близина на селото Роске.

Групата мигранти, од кои некои ја минаа ноќта на тоа место, го пробија кордонот од полицајците од единицата за справување со немири, за да се обидат да стигнат до магистралата, која води до Будимпешта.

Во регионот на Роске, еден од главните пунктови за минување во Унгарија на мигранти, кои бегаат од конфликтите на Блискиот Исток, се регистрирани вчера 2.529 новопристигнати мигранти, соопшти денес унгарската полиција.

Унгарска снимателка сопна мигрант со дете

Телевизијата N1TV го снимала бегалњето на сириските мигранти од полицијата. Во нивна непосредна близина се нашол човек со дете во рацете кој почнал да бега од полицијата, а една унгарска снимателка го сопнала со нога и тој паднал.
migrantiiiiiiiКако Грција, Македонија и Србија, така и Унгарија е попатна станица. Иако речиси никој од мигрантите не сака да остане во Унгарија, унгарците се трудат да ја покажат својата нехумана страна.
Оваа унгарска снимателка, подоцна именувана како Петра Ласло, наводно по оваа случка добила отказ.
Мигрантите од прифатниот центар Решка се обиделе да се вратат назад во Србија, но унгарската полиција не дозволила.
Се појавија и нови снимки кои покажуваат како Петра удира и други бегалци со нозете.