Мигрантите без пасоши нема да можат да ја поминат границата

На лицата кои немаат патни документи, а со себе носат фалсификувани патни документи или кои имаат погрешни изјави за нивната националност или идентитет нема да им се дозволи влез на границата.

На покана на Министерството за внатрешни работи – Бирото за Јавна Безбедност денес се одржа состанок на Директорите на полициите и Шефовите на граничните служби  на Република Македонија, Република Србија, Република Словенија, Република Хрватска и Република Австрија.

На средбата беше нагласено дека сега повеќе од било кога е потребен заеднички координиран и усогласен пристап од сите земји од западно балканската рута на движење на мигрантите со цел справување со мигрантската криза.

Директорите на полиции од регионот ја претставија состојбата во нивните земји во однос на справувањето со мигрантската криза и во насока на  унапредувањето на добрата постоечка соработка разговараа за можните начини за натамошното продлабочување на соработката во управувањето со миграциските текови и постигнаа согласност околу одредени заклучоци.

Директорите на полициите…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.