четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 87

Мигрантите со детални мапи во инвазија врз Македонија

Грција дозволи бегалска инвазија врз Македонија. Ова е насловот на текстот објавен во весникот „Дневник“ откако стотици бегалци и економски мигранти од грчкиот камп во Идомени од вчера попладне почнаа да навлегуваат на македонската територија кај гевгелиското село Моин.

ФОТО: Дневник

ФОТО: Дневник

Поврзани вести

Грција дозволи бегалска инвазија врз Македонија. Ова е насловот на текстот објавен во весникот „Дневник“ откако стотици бегалци и економски мигранти од грчкиот камп во Идомени од вчера попладне почнаа да навлегуваат на македонската територија кај гевгелиското село Моин.

Вчера околу 16 часот попладне околу 1.000 бегалци веќе беа навлезени во центарот на селото, каде што припадниците на македонската војска и полиција, со странските колеги, се обидуваа да ги запрат.

Во Сува река вчера утрото околу 6.45 часот, се удавиле тројца мигранти, двајца мажи и една жена. Од невладините организации кои се присутни во Гевгелија на терен, велат дека можеби е удавено и четврто лице, а 23 бегалци се спасени.

Наспроти ова, грчката полиција воопшто не се обиде да ги попречи ,туку овозможи нивно непречено движење откако тие околу 11 часот претпладне почнале да се организираат со цел да тргнат во колона кон македонската граница. Според сведоштвата на очевидците, во мобилизирањето на бегалците мошне биле активни членови на неколку невладини организации, кои работеле во кампот, пишува „Дневник“.

Весникот понатаму пишува дека за кусо време во селото се слеаја околу две илјади бегалци, при што е извесно дека во подоцнежните часови таа бројка ќе се зголеми. Македонската војска и полиција, со полицајци од повеќе други земји, воопшто не се обидела сосила да го запре нивното навлегување.

Безбедносните сили само се обидуваа да ги соберат во центарот на селото и да не избувне некаков инцидент, пишува весникот.

Засега е неизвесно дали македонските надлежни органи ќе се обидат целосно да ги запрат бегалците и да ги вратат на грчка територија или ќе им овозможат да се упатат кон граничниот премин Табановце каде се уште престојуваат околу 1.500 бегалци на кои српските гранични органи не им дозволуваат влез на своја територија.

Детална мапа за илегално преминување на граничниот премин

Дел од електронските медиуми пак јавуваат дека кај дел од мигрантите што вчера навлегоа на македонска територија биле пронајдени мапи со детални упатства како да ја преминат границата и да стасаат во Македонија.

ФОТО: МКД.мк

ФОТО: МКД.мк

Меѓу бегалците кои денеска беа приведени од македонската полиција и војска, по нивниот денешен обид за илегално преминување на грчко-македонската граница, беа пронајдени и летоци за тоа каде и како да ја поминат македонската гранична линија, пишува порталот МКД.мк.

На летокот, според пишувањата на медиумите на арапски јазик нацртана е мапа на тој дел од границата, кај Сехово (Идомени), со прецизни насоки како и каде мигрантите треба да се движат.

Најчитани вести