вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 5

Мигрантите кај Кале ќе го поминат Божик со Џејми Оливер

kale-kamp-naslovna-1

Поврзани вести

Мигрантите кај Кале ќе го поминат Божик со Џејми Оливер и неговиот персонал. Британскиот готвач донира неколку тони подароци, а стотици Британци отпатуваа во „Кампот – џунгла“ за празниците, пишува „Дејли експрес“.

migranti-kale-elka-1

За време на празниците британските волонтери ќе им помагаат на 6.000 мигранти кои во моментов се сместени во кампот што се наоѓа во непосредна близина на „Евротунелот“.

kale-kamp-1

Британците се собрале преку соработка помеѓу црковни групи, како и на социјалните мрежи, со цел да се соберат донации од храна и облека. Она што ќе биде најголемо изненадување за мигрантите е тоа што ќе имаат можност за вечерата да добијат храна подготвена од познатиот Џејми Оливер.

Инаку во моментов бројката на мигранти што влегле во Европа достигна еден милион, а за голем број од тие што влегле се претпоставува дека ќе им се придружат на камповите кај Кале и Данкирк.

Оваа година, неколку илјади мигранти се обидеа да влезат во Британија преку „Евротунелот“, а кампот што се наоѓа во непосредна близина прерасна во мала населба. Повеќе фотографии од „Кампот – џунгла“ на следниот линк.

Најчитани вести