среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 10

Мигрантите од Хиос масовно бараат азил

Полициски извори од грчкиот остров Хиос за „Катимерини“ изјавиле дека денеска нема да се враќаат мигранти во Турција, затоа што повеќето од оние кои требало да бидат вратени, поднеле барање за азил.

TOPSHOT - Refugees and migrants including children who left the Chios registration camp, shout slogans and hold placards reading "'No Turkey" during a protest on April  3, 2016 as they camp out in the port of Chios. Greek and EU authorities on April 3, 2016 fine-tuned an operation to expel to Turkey hundreds of migrants denied asylum in a landmark deal slammed by rights groups. Officials declined to comment on the details of the operation, which is believed to begin early Monday from the Greek island of Lesbos where there are over 3,300 refugees and migrants.The operation could involve other Aegean islands with major refugee and migrant populations such as Chios, where agents of EU border agency Frontex were seen arriving on April 3, 2016. / AFP PHOTO / LOUISA GOULIAMAKI

Последни вести

Како што јави дописникот на МИА од Атина, според истите извори, враќање на мигранти во Турција нема да има ни утре.

Во врска со информациите во некои грчки медиуми дека мигрантите кои денеска требаше да бидат депортирани од Хиос „се изгубиле“ и полицијата трага по нив, истиот извор за весникот нагласи дека тоа не е точно.

Мигрантите не се изгубиле, туку повеќето поднеле барање за азил и според меѓународните конвенции, не можњ да бидат вратени се додека не се разгледа нивното барање.

Центрите за сместување на Хиос не функционираат како затворени кампови. Нема ограда, но во нив нема ни услови за подолг престој, потсетува весникот.

Според полицијата, кога дознале дека можеби ќе бидат вратени назад во Турција, мигрантите побрзале да поднесат барање за азил, како што ги советувале претставниците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Најчитани вести