Мигрантите се судрија со полицијата во Бугарија (ВИДЕО)

Безредија и судир со бугарската полиција предизвикаа емигранти во бегласкиот камп во градот Харманли на југот на Бугарија. Емигрантите запалиле мебел и автомобилски гуми. Кампот пред три дена беше затворен поради извештај за епидемија на зараза.

Емигрантите фрлале камења и други предмети врз полицајците, кои употребиле воден топ за да ги разбркаат. Демонстрантите накратко ја пробиле оградата на кампот, но набрзо биле вратени назад.

По упадот биле оштетени неколку згради, вклучувајќи ја и кантината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.