Мигрантскиот камп во Елинико нема каде да се евакуира

Претставник на грчката Влада, кој побарал да остане анонимен, изјави дека планот за евакуација на импровизираниот камп за мигранти во стариот атински меѓународен аеродром во Елинико до крајот на јули е „пуста желба“, затоа што се уште не е пронајдена друга локација, јави дописникот на МИА од Атина.

Условите во кампот, каде што околу 4.000 мигранти живеат во шатори, се неподносливи поради високите температури, изјави градоначалникот на Елинико Јанис Константатос.

Во меѓувреме, владини извори за некои грчки медиуми изјавиле дека властите ќе направат уште едно крило во центарот за притвор во Амигдалеза, северно од Атина, каде ќе се сместат повеќе од 300 мигранти, кои се приклучија на програмата за доброволно враќање во татковината.

На Лезбос вчера пристигнале 35 нови мигранти од Турција. Пристигнувањата драстично паднаа од март, кога Европската унија потпиша договор со Анкара за враќање на имигрантите во Турција.

Но, хотелиерите се жалат дека туризмот е силно погоден од бегалската криза и бараат даночни олеснувања и помош. Чартер летовите до островот во мај биле намалени за 65 проценти