Михаил Ходорковски пристигна во Швајцарија

Поранешниот руски нафтен магнат, Михаил Ходорковски, го напушти Берлин, каде што престојуваше откако беше ослободен од рускиот затвор, и сега се наоѓа во Швајцарија.

Оваа земја на Ходорковски му додели тримесечна виза, кој минатиот месец, откако во затвор помина 10 години поради финансиски криминал, доби амнестија од рускиот претседател, Владимир Путин.

Според одредени шпекулации во медиумите, поранешниот челник на поранешниот нафтен гигант планира да остане подолго во Швајцарија.