Михаил Младеновски демантира дека бил приведен, бара извинување

Поранешниот генерален секретар на Социјалдемократската младина, Михаил Младеновски демантира дека ноќеска, како што објавија дел од медиумите, бил приведен во полициска станица поради учество во тепачка.

„Не сум лишен од слобода, ниту сум бил учесник во било какви криминални активности. Барам медиумите кои ја лиферуваа информацијата дека сум уапсен да ми се извинат во рок од 24 часа во спротивно против сите нив ќе поднесам тужба за клевета и нарушување на угледот и честа“, вели Младеновски во изјава за информативниот портал „Курир“.

Неколку медиуми објавија дека Младеновски бил уапсен пред сендвичара „Седмица“ поради учество во тепачка во центарот на Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.