Михајловиќ пред отказ во „Спортинг“

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ може експресно да го напушти „Спортинг“ од Лисабон само што седна на тренерската клуба, објавија локалните медиуми. На поранешниот претседател на клубот, Бруно де Карваљо му беше изгласана недоверба, а новиот прв човек на клубот од Лисабон, Соуса Синтра размислува да му се заблагодари за соработката на поранешниот селектор на Србија.

Михајловиќ минатата недела потпиша договор со „Спортинг“ до 2021 година, а конечна одлука за неговиот статус ќе биде познат откако ќе бидат детално „прочешлани“ условите од договорот.

„Диарио де Нотициас“ наведува дека директорот на фудбалскиот сектор на „Спортинг“, Аугусто Инасио би можел да биде назначен за привремен тренер ако дојде до разделба со Србинот.

Заминување на Михајловиќ може да се одвива во две насоки. Според „ДН“, постои можност тренерот се уште да е во пробен период, а втората опција е многу понеповолна за клубот. Имено, постои загриженост дека Карвалјо склучил штетен договор за „Спортинг“, иако неговата позиција уште тогап била суспендирана.

Можам да ја преиспитам одлуката поради сите незаконитости кои и претходеа, но нема да го сторам тоа. Завршив со „ Спортинг“. Еден куп кретени го фалсификуваа гласањето во една од најголемите видени измами, напиша Карваљо, кој беше на чело на „Спортинг“ од 2013 година.

Михајловиќ работеше во Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино.