Михајловиќ и Ето се смирија

Вчерашната кавга помеѓу Самуел Ето и Синиша Михајловиќ се чини дека е разрешена. “Миротворец” во ситуацијата бил претседателот Масино Фереро, кој успеал да го смири Михајловиќ и да го натера повторно да соработува со Камерунецот Ето.

Камерунецот одби да тренира двапати дневно, а тоа многу го налути Синиша Михајловиќ, кој смета дека со тоа е поткопан неговиот авторитет во клубот. Сепак, веќе денеска Самуел Ето пристигнал прв на утринскиот тренинг на Сампдорија, еден час пред почетокот, и имал разговори и со претседателот и со тренерот.